Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

5 јуни – Светски ден на животната средина

Вести

5 јуни – Светски ден на животната средина

Годинашното мото на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 јуни е „Поврзување на луѓето со природата“. Целта на оваа тема е да не потсети да поминуваме повеќе време во природа, да ја почитуваме и славиме нејзината убавина и да се залагаме за заштита на планетата Земја.

Канцеларијата на UN Environment во Скопје во соработка со Македонско еколошко друштво и Центарот за едукација и развој од Тетово ќе го одбележат Светскиот ден на животната средина со низа активности во Тетово и Скопје.

Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.

Секоја година се бира тема за која се прават голем број настани од големи компании, невладини организации, заедници и влади насекаде во светот со цел да се подигне свеста за важни прашања од животната средина.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.