Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонскиот капитал се сели на југ: Над 50 милиони евра вложени во недвижности во Грција

Актуелно

Македонскиот капитал се сели на југ: Над 50 милиони евра вложени во недвижности во Грција

Во последните пет години, граѓани и фирми од Македонија вложиле над 50 милиони евра во купување недвижности во Грција, покажуваат официјалните податоци на Грчката централна банка. Само во 2024 година, инвестициите достигнале рекордни 19 милиони евра – сума која потврдува дека интересот за имоти покрај море никогаш не бил поголем.

Според истите податоци, најмногу се купуваат мали апартмани до 50 квадратни метри, лоцирани околу Солун и Халкидики. Трендот на раст на инвестициите започнал по 2020 година, кога вложувањата од околу 2 милиони евра годишно се зголемиле на 7 милиони во 2021 година, а веќе од 2022 наваму, износите стануваат двоцифрени.

Дополнителен фактор што ги менува бројките е тоа што дел од македонските државјани кои имаат ЕУ пасоши се регистрирани како странци, што значи дека реалната сума на вложувања најверојатно е и повисока.

Маркетинг

💸 Се исплати ли купување стан во Скопје?

Растот на цените на недвижностите во Македонија е паралелен со овој тренд. Во Скопје, просечната цена по квадратен метар во центарот денес се движи меѓу 2.000 и 3.500 евра, додека пред само четири години изнесуваше околу 950 евра. Според податоци од Народната банка, квадратот за станбен простор поскапел за околу 80% од 2021 до 2025 година.

Тоа значи дека денес, за стан од 60 квадрати во централното градско подрачје, купувачите мора да издвојат над 150.000 евра – износ за кој веќе може да се купи имот покрај море, не само во Грција, туку и во Црна Гора, Кипар, па дури и некои делови на Хрватска. Според споредбени анализи, најниските цени за недвижности во ЕУ се сѐ уште на бугарското приморје – од 1.000 до 1.600 евра по квадрат.

🏗️ Домашниот пазар на недвижности под лупа

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, неодамна изрази загриженост поради растот на цените и откри дека дури половина од купопродажбите на станови се плаќаат во кеш. Според него, дел од средствата потекнуваат од кредити, но за потеклото на останатата готовина, институциите допрва треба да испитаат.

– „Приближно 50% од новите станови се купуваат на кредит, а остатокот во готовина. Засега немаме целосна слика од каде доаѓа таа готовина – дали од заштеди или други извори“, изјави Славески.

И додека цените растат, бројот на празни станови исто така е алармантен. Според пописот од 2021 година, само во Скопје имало речиси 60.000 празни станови – бројка која дополнително се зголеми со изградбата на нови објекти во последните четири години.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.