Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

БУГАРСКА ТВ НОВА: Придружба на Груевски физички нападнала волонтер во Сингелиќ

СКРИНШОТ

Актуелно

БУГАРСКА ТВ НОВА: Придружба на Груевски физички нападнала волонтер во Сингелиќ

Придружба на поранешниот премиер и лидер на владеачката партија, Никола Груевски, пред негови очи удри и навреди граѓанин кој на Груевски му рече дека не треба да доаѓа, оти три дена сами се снаоѓале.

Граѓаните се оставени тука сами на себе три дена, ништо од вас, рече граѓанинот, по што човек кој беше со групата функционери предводени од Груевски почна да го турка, удира и пцуе, а целата ситуација била снимена од камерата на бугарската телевизија Нова, но и македонските медиуми.

Претходно, новинарка од истата телевизија го праша Груевски како ја оценува организацијата, посебно поради фактот што народот зборува дека воопшто не чини, но не доби никаков одговор, освен дека ќе кажел подоцна.

Снимката ја објави бугарската телевизија НОВА чија екипа известува за катастрофалните поплави во Македонија. Бугарската телевизија ја објави снимката под наслов „Напнатоста во Скопје по потопот ескалира, стигна до тепачка“.

Погледнете го видеото:

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.