Вести
Централна прослава пред Владата по повод независноста на Македонија
Под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“ вечерва пред платото на Владата ќе се одржи централната прослава по повод 26-годишнината од осамостојувањето на Македонија.
Домаќин на централната прослава по повод Денот на независноста годинава е Владата на Република Македонија пред чие плато ќе бидат поставени интерактивни уметнички инсталации. Ќе биде изведена детската претстава „Маша и нејзината приказна“, а танц студиото „Данцерс Унитед Мк“ ќе изведе инклузивен танцов настап на професионални танчари со типичен развој и со танчари со попреченост.
Настап ќе имаат и Гудачкиот квартет – ВИВА стинг, Хорот при Македонската Опера и Балет, Биг Бенд на Здружението на џез музичари на Македонија, Љубојна со специјалниот гостин Џамбо Анѓушев, Бени и Нон Стоп со Златко Ориѓански, Влатко Стефановски Трио, Кпурдат, Шутка Рома Рап и Слаткаристика.



