Актуелно
ДЕМАНТ: Сите недоследности со рекламите за лебот Тонус се отстранети
Се надоврзуваме на текстот кој излезе во овој медиум (портал) на ден 08.04.2016 год. Имено, овој медиум се повика на прикaзна која не е актуелна скоро 6 месеци.
Компанијата Тривит уште во Септември месец 2015 година ги усклади сите натписи на амбалажите на производите со меѓународните прописи, со законите во Република Србија и со законите на другите држави со кој соработува.
Во Септември 2015 година го преформулиравме текстот на амбалажата и во моментот стои : „Клинички испитано во рамките на Руската академија за медицински науки“, а порано стоеше: „По лиценца на Руската академија на науки“. Повеќе не го користиме зборот „лековит“, а наместо тоа ги имаме наведено нутритивните својства на Тонус лебот кои се навистина феноменални а тоа се:




