Актуелно
Денеска ќе се доделат ваучерите за таблет компјутери
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и деканот на Природно – математичкиот факултет Ицко Ѓоргоски, денеска во просториите на факултетот ќе ги доделат ваучерите за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура.
Вкупно 4.570 студенти ќе добијат бесплатни таблет компјутери во рамки на владиниот проект за доделување вредносни бонови – ваучери за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.
Од пристигнатите 7.290 апликации, 1.938 биле одбиени, а 728 дополнително ќе се проверуваат. Најмногу ваучери се доделени на скопскиот УКИМ и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а најмалку на охридскиот.



