Вести
Директорите на ФЗОМ – Маја Парнаџиева Змејкова и Џемали Мехази поднесоа оставки
Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева – Змејкова денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини, пренесува МИА.
– Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за случајот со Тамара, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак, целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се, рече Парнаџиева – Змејкова.
На прес-конференција истакна дека го разбира гневот на луѓето, посочувајќи дека и таа била гневна и згрозена.



