Вести
Годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон
САД денеска одбележуваат 17 година од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа над 3.000 луѓе.
Исламистите, повеќето од нив од Египет, киднапираа четири патнички авиони со кои ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и го погодија седиштето на американската армија – Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу патниците и исламистите.
Американскиот претседателот Доналд Трамп денеска ќе го посети Меморијалниот центар изграден на местото каде се урна четвртиот авион, во градчето Шенксвил.



