Актуелно
Итна заштита на балканскиот рис, бараат екологистите
Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) оцени дека балканскиот рис заслужува итна заштита бидејќи на овој подвид на евроазискиот рис му се заканува целосно исчезнување.
Диме Меловски, раководител на проект во Македонското еколошко друштво (МЕД) на денешната прес-конференција истакна дека за овие 10 години преку Програмата за зачувување на балканскиот рис собрале адекватни податоци за да може да го проценат статусот на рисот според стандардите на IUCN.
– Увидовме дека тој статус е критично загрозен. Достигнувањето да се признае и публикува еден вид во една ваква листа е од огромно значење и за поздравување. На овој начин се дава голема видливост и публицитет на балканскиот рис. Со самото тоа што е на листата овој подвид е всушност „политички“ признат и препознаен како загрозен и сите негови понатамошни закани треба да се сузбијат, изјави Меловски.



