Актуелно
Од 3 до 9 август Охрид ќе биде домаќин на над 800 студенти од областа на медицината
Од 3-9 август, Охрид ќе биде домаќин на 64-то Генерално Собрание на Интернационалната Федерација на медицински студентски асоцијации – ИФМСА, со над 800 учесници од 120 земји ширум светот.
По собранијата во Данска, Чешка, САД, Тунис, Тајван и Турција, пред нашата држава стои огромен предизвик. Организаторите – студентите од Македонската медицинска студентска Асоцијација велат:
– „Ни треба огромна поддршка, сакаме да му докажеме на светот дека и Македонија може да ги исполни стандардите на ИФМСА како една од најголемите студентски организации во Светот, броејќи над 1,5 милиони членови и организациите кои ја поддржуваат, меѓу кои СЗО, ОН и UNESCO.“



