Актуелно
Почнува режимот за тешки товарни возила на Скопје – Охрид – Скопје
Од утре ќе почне примената на времениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје.
Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември, соопшти Автомотосојузот на Македонија, повикувајќи се на информација на Министерството за транспорт и врски.
Оваа година има измена во временските интервали во однос на ограничувањето кое важеше минатите години, со цел да им се овозможи повеќе време за движење на тешките товарни возила.



