Вести
Пробиштип домаќин на шестиот интернационален натпревар по англиски јазик – HIPPO
Приватното училиште за странски јазици КАРИЕРА И УСПЕХ од Пробиштип за првпат беше домаќин на шестиот интернационален натпревар по англиски јазик-HIPPO.
Натпреварот е во организација на меѓународната образовна компанија EDI и нејзиниот представник за балканските здруженија Global Input во кој учествуваат натпреварувачи од 9 до 18 години од Србија, Хрватска, Италија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.
Учесниците се натпреварува во пет категории, според годината на раѓање, односно нивото на знаење (Hippo 1,2,3,4 и 5) кои се усогласени според Заедничката Европска Јазична Рамка А1, А2, итн. Најдобро рангираните учесници од регионот стекнуваат право на учество на полуфинален дел. Финалниот натпревар ќе се одржи во Лидо ди Јесоло во Италија.



