Вести
Samsung QLED телевизори: кога дизајнот и технологијата зборуваат ист јазик
Секој дом крие своја приказна – а телевизорот одамна не е само уред за гледање филмови. Без разлика дали вашата дневна соба е модерно уредена или пак футуристички со минималистички дизајн, во секаква варијанта на ѕидот, како уметничко платно може да виси еден од феноменалните телевизори на Samsung, што ќе му даде просторот додадена убавина. Ако ги погледнете моделите на QLED телевизорите на Samsung, тенките рамки и софистицирани линии на телевизорите стануваат природен центар на вниманието, а истовремено неприметно се вклопуваат создавајќи совршен етериер.
Димензијата на екранот ја бирате според вашите преференци. Па така, доколку сакате гледањето на омилениот филм да биде како кино-премиера во сопствениот дом, или пак да доживеете чувство како да се наоѓате во арената каде што се игра утакмицата, 85″ QLED Q8F 4K Samsung Vision AI Smart TV е вистинскио избор. Огромниот екран, неверојатната резолуција и напредниот процесор за обработка на слика, се само дел од описот, кои заедно со моќта на функциите со вештачка интелигенција доставува вистинско супериорни перформанси, без разглика дали гледате содржини, стримате или играте игри.
Во срцето на иновациите кај QLED телевизорите на Samsung се наоѓа Real QD (Quantum Dot) технологијата, која овозможува приказ на милијарди нијанси со неверојатна прецизност и јасност. Па така, сликата на екранот пред вас е живописна, реалистична и целосно имерзивна. Real QD ја претвора секоја сцена во визуелно доживување, носејќи чувство дека сте дел од приказната на екранот.






