Вести
СДСМ: Демократските процеси продолжуваат, легитимно е избран нов претседател на Собранието
Демократските процеси продолжуваат, по легитимниот избор на нов претседател на Собранието на Република Македонија, велат преку соопштение од партијата СДСМ.
Тие дополнуваат дека никој не може да ја спречи вербата и волјата на граѓаните на Македонија за живот, правда и придружување на Македонија кон цивилизираниот свет, преку евро-атланските перспективи.
Домашната и меѓународната јавност гласно ја поддржаа деблокадата на Парламентот. Исто така јасно ја испратија пораката на режимот во распаѓање дека ова е неговиот крај, мора да се повлече пред мнозинската волја на над 700.000 граѓани претставени преку 67 пратеници во Собранието кои сакаат да живеат во демократска Македонија.



