Актуелно
Средношколците заедно со своите родители и наставници протестираа пред МОН
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Средношколците заедно со родителите и наставниците денеска протестираа на улицата пред Министерството за образование.
Средношколците во неколку вреќи ги собраа нивните училишни униформи и ги оставија пред Министерството за образование. Според нив, има симболика во нивната одлука да ги остават училишните униформи пред зградата на МОН. Покажуваат револт и несогласување со состојбите во образованието и покрај предимензионирањето на овој чин.



