Актуелно
Студентите ќе го поддржат маршот на средношколците
Студентскиот пленум на УКИМ денес одржа прес-конференција на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Најавен беше студентски марш, кој ќе се одржи во склоп на средношколскиот марш најавен за четврток (23.04) во Скопје.
„Студентскиот пленум добро го позна игнорантниот однос на надлежните кои секојпат настојуваат да бидат единствениот фактор кој ќе ги креира политиките правејќи се глуви на аргументите кои ги нудат другите општествени чинители. Одовде и’ порачуваме на владата конечно да ја напушти позицијата на сила како аргумент во дебатите и во креирањето на политики во образованието, но и надвор од него“, изјави Христијан Поп-Симонов од Студентскиот пленум.
Студентскиот пленум ја спореди сегашната ситуација на средношколците и односот кој го добиваат од власта со својата ситуација за време на студентската окупација на факултетите.



