Колумни
ДОПАДЛИВОСТ или ШТО ЌЕ МИСЛАТ ЗА МЕНЕ?
Човекова исконска потреба е да се допадне некому.
Не случајно, уште во праисторијата луѓето се кителе, не само да обележат племенска припадност или хиреархија, страв или симболика, туку и да привлечат внимание и да се допаднат. Секако, времето си носело различни естетски критериуми за убавина, а за вкусовите да не говориме…
Легитимна и природна е желбата за допадливост, но преголемата желба да оставиме добар впечаток и да ни е премногу важно што мислат или што ќе кажат другите за нас, може да направат контраефект. Ако во позадина на желбата за допадливост не е само потребата за прифаќање во новиот круг на потенцијални пријатели или друштво (природно е да сакаме да сме културни и дадеме позитивна слика за себе), туку сме оптоварени со натпреварувачки амбиции за перфекционизам, покажување колку имаме и можеме и лажно претставување.



