Колумни
Епидемија на инсомнија
Ненаспани, поспани, успорено се проsеваме додека апатично се обидуваме темните ,,перничиња” под очите да ги камуфлираме со абракадабра трикови…
Сѐ почесто користиме и ,,коректори” во вид на апчиња за спиење, мелатонин, маточина, валеријана, техники за опуштање, мед и млеко пред заспивање, топла бања, броење овци, тампони за уши… И пак ненаспани, нервозни и лути што ништо од тоа не ни го враќа здравиот сон, некогаш украден од хркачот во наша близина, ноќни климактерични перформанси, неартикулирани крици од соседите, сообраќаен метеж ,,олнајт” и ,,онлајн” апаратите.
Здрав сон е многу повеќе од половина здрав и долг живот и да не се ,,тешиме” со Тесла кој спиел по 4 часа и живеел долго, еден е, генијалец е и благодарение на неговата инсомнија играме струјни кола…Но како да ја изиграме несоницата, да ја успиеме пред да не расони? Една од многуте скриени епидемии на современиот живот е епидемија на нанаспаност, дефицит на сон, важна биолошка потреба.



