Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОБЕЛова награда и ШОУ ТАЈМ…

ФОТО: Мики Трајковски - Манца

Колумни

НОБЕЛова награда и ШОУ ТАЈМ…

Од сите седум категории за доделување Нобелова награда, најдраматична е НАГРАДАта ЗА МИР, таа се доделува и во друг град, во Осло, за разлика од останатите во Стокхолом.

Можно да е полесно и попрецизно вреднувањето на достигнувања од области на наука, литература, економија , отколку поимањето на заслуги за мир! Претходните имаат свои егзактни параметри, формули и научни факти, а мирот со тек на време си го сфативме како заслуга за мир во куќа, на работа, по комшии…

Неодамна починатата Полјачка Ирина Сандлер (98 години), за време на Втората светска војна ќе работи во Варшавското гето како водоинсталатер ( ка) и секој ден ќе изнесува по едно дете , скриено на дното од голем куфер со алат, ќе ги вози со камион далеку од логорот на смртта, а песот ќе го дресира да лае додека вози, за да прикрие можни шумови од децата. Имињата на сите деца ги запишувала и чувала во стаклено шише закопано во нејзиниот двор, но Нацистите ќе ја фатат и унаказат. Спасила од сигурна смрт над 1000 деца Евреи ризикувајќи го животот, со здрав човечки потенцијал и идеолошки чист и нехипнотизиран разум за чиста ариевска раса!

Во мирнодопско време, предложена е за Нобелова награда за мир, но ќе ја добие Ал Гор за слајд-ШОУ за глобално затоплување, а подоцна и Барак Обама, секако за предизборните ветувања. Да знаел Алфред Нобел дека ќе дојде ШОУ ТАЈМ како критериум за награда, како пронаоѓач на динамитот ќе го искористел истиот во други цели, за мирно да почива во гроб без превртување.

Ги испревртивме сите вредности, допрва ќе гледаме ШОУ ТАЈМ!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.