Колумни
Интернетот загосподари…
Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без да забележиш дека твоето време го управува интернетот.
Особено господари со сиромашниот свет, сиромашен материјално и духовно, и дрско ги турка книгите од полиците наредени како декор, но и од матрицата дека книгите се „клуч на духот“.
Покрај сите промени и глобализација на современиот свет, сепак книгата е извор на мудрост, вистина и убавина. Љубопитноста да се проникне во интимата на писателот, во неговата творечка имагинација преку неговите книги, сега е заменета со интернетот кој сервилно нуди „копи пејст„ коментари без соодветна уметничка критика. Ние едноставно немаме читачка навика, убедени дека сме доволно начитани ако прочитаме стотина книги во текот на средното образование. Двесте години да живееме и секој ден да читаме по една книга, пак сме недоволно начитани!



