Колумни
Бес(з) трага од омраза
„Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“.
Анимозитетот кон различноста, неприфаќање на понакви, презир кон туѓо мислење, историска затвореност, само(себе)доволност до егоизам, бесчувствителност за туѓи емоции, недоверба и сомнеж кон остатокот од светот, направија од светот затворен круг на патологија. Светот стана хомогенизација на омраза со менталитет на мразење, а хејтот и спинот во електронскиот свет, волшебни стапчиња да се постигне целта – мразам значи постојам!
Уште полошо е што злобните и зли суштества не се „казнети“ како во приказните, туку уживаат во својата репутација на ширење страв со која контролираат с,е околу себе и се достојни за восхит заради „цврстиот карактер“. Хејтот стана знак за препознавање, колку погрди зборови –толку повеќе лајкови и споделувања.



