Колумни
Искрени или непристојни?
Изборот да се каже вистината (релативно тешка за препознавање и докажување) во име на искреноста, а фразеолошки искористена во одбрана на човек „без влакно на јазик“ , често е несреќен избор!
Кога луѓето инсистираат на сите да им кажат што мислат и ја потенцираат својата искреност, стануваат невоспитани, не ретко и дрски. Претераната искреност е егоизам затоа што најчесто повредува и остава длабоки психолошки последици. Да згрешиш е човечки и не постојат безгрешни, барем не после божественото дело на Данте Алигиери во кое патот до Рајот е од Пеколот, но преку Чистилиштето .
Но не се сите грешки со иста тежина, најголемиот грев излегува од устата, зборовите убиваат посигурно и од најсмртоносното оружје, нивната моќ е пресилна како што запишал поетот Бранко Миљковиќ „Уби ме прејака реч“. Затоа треба да се научиме на автентично извинување, а тоа е искрено каење со право на поправен.



