Колумни
Татјана Алексиќ: Без горко нема слатко
Не вкусиш ли пелин нема да уживаш во медот, но „првата голтка од чаша полна пелин најгорчлива е“ – Његош во „Горски венец“.
Спектарот емоции на животот му вдахнува живот, ние сме различни во чувствата и нивната интерпретација, размената на енергија, давања и примања. Среќата е моментална емоција, наивно би било постојано да ја очекуваме или бараме , трчањето по среќа е рамно на трчање по ветрот , поминуваш низ него без да го осетиш.
Среќата не треба да ја доживуваме како ултиматум , уште помалку како критериум или цел, оти тука се судираме со нејзино различно поимање. Бомбардирани со стресно и неизвесно секојдневие заборавивме да се радуваме на првите јаготки, па нека се и ГМО, на комплимент, па нека е и во инбокс од непознато фб другарче, на сончев ден, па и да заврне пред да стасаш дома…



