Колумни
Татјана Алексиќ: Боговите паѓаат на… божици!
Балканот е митски народ, сакаме да слушаме и веруваме во митови, мечтаеме живи да станеме легенди, да сме главни ликови во усните преданија, макар и чаршиски озборувања, само да се раскажува…
Потребата за „бајковитост“ на нештата е нус појава на суровата реалност која не милува среќен крај, а толку многу сакаме приказни со среќен крај, како во турските серии на пример .
Читајќи митови и приказни доживуваме мистично искуство, со препознавањето, поврзаноста со минатото, допирањето на вистината, формираме архе типови на карактери, ликови, ситуации и полесно преживување на реалноста.



