Колумни
Татјана Алексиќ: Епидемија на депресија
10 септември е прогласен за Светски ден за превенција од самоубиства!
„Смртоносната мода“ му се заканува на светот како епидемија поубиствена и од канцерот. Секој десетти човек има меланхоличен израз на лицето, не заради природните црти туку заради неприродната состојба на духот и телото. Парите, успехот и популарноста не секогаш се атрибути на среќен живот. Данокот на стресот како последица од преголеми ангажмани, премор, одрекувања, докажувања… оданочува со седативи, алкохол и дрога.
Депресијата е лична војна кога ќе се достигне врвот во кариерата и популарноста без емотивна сатисфакција. Духовите од несреќното детство, генетската предиспозиција, чувство на вина, недостаток на љубов и разбирање, тешко се справуваат со депресијата на успехот.



