Колумни
Љубомора – чудовиште со зелени очи!
Брилијантниот набљудувач на животот, Вилијам Шекспир, уште во 16 век во љубомората метафорично гледа чудовиште со зелени очи!
Грда и опасна како чудовиште, а привлечна како бојата на смарагд. Нејзиниот најголем парадокс е што сите ја посакуваме, а таа е мора на љубовта – љубо МОРА , ноќна мора, трае и додека спиеме. Статистиката открива ( но никогаш доволно, колку и бикини костимот ) дека 40% од жените и 10% од мажите намерно предизвикуваат љубомора кај партнерот како недостаток на доказ за љубов, желба, страст, посакување…
Љубомората не секогаш е доказ на љубов затоа што во врски каде одамна не „живее“ љубовта (на пример комерцијални или солидарни бракови) партнерите ќе бидат љубоморни при самата помисла дека некој може да ги замени. Недостаток на самодоверба, страв, себичност, посесивност, суетност… се емоции на кои се надоврзува чувството на љубомора.



