Колумни
И медиумите и познатите личности треба да внимаваат што пишуваат и што објавуваат
Не е тајна дека постои соработка помеѓу интернет медиумите и ликовите од нашата естрада кои се некогаш подготвени и да платат одредена сума со цел да бидат објавени и промовирани со бомбастични наслови и да добијат внимание во јавноста. Но, тоа излегува надвор од сферата на новинарството и преминува во сферата на маркетингот.
Да се вратиме на темата!
Јавните социјални профили на естрадните личности се многу често извор на разни вести кои секојдневно ги читаме на интернет. И тука се појавуваат две страни на приказната, првата кога со тенденциозно објавување на некоја фотографија или статус се бара внимание повеќе, а втората кога сериозно се нарушува приватноста на одредена личност.



