Колумни
Вистината како стока…
Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за опстанок и на единката и на општеството.
Задоцнета информација на берза или непрочитани „ситни букви“ на банкарски договор носат финансиски колапс, задоцнети резултати на пациентот болест или смрт…
Што правиме со традиционалното поимање на информацијата како вистинито сведочење за некој настан ? Продаваме, правиме купопродажен договор со ѓаволот и некому му го одземаме правото на вистина. Трансформирањето на вистината во стока, а во служба на капиталот, е алатка на моќниците со која најчесто се играат медиумите. Правилото е ако те нема во медиумите – те нема никаде, не постоиш!



