Колумни
Љ-витамин, превенција за комплекси!
Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.
Дебелки или слаби, ниски или високи, недоволно талентирани, интелектуално инфериорни, општествено неприфатени… Па што? Зарем е невозможно со добра смисла за хумор да се надминат комплексите, патем, духовит е оној кој се шегува на своја сметка. А ако не успеете со хумор, тогаш обидете се со љубовта, таа прави чуда со комплексите, ниеден скалпел не е подобар од чувството на саканост. Љ-витамини контра комплексите!!!
Во последно време светските модни трендови диктираат култ кон телата и се играат со телесната тежина на манекените. Никогаш повеќе не сме имале деца со анорексија и булимија само поради незадоволството од сопствениот изглед. Опседнатоста со физичкиот изглед оди во насока на правење фетиш од одредени делови на телото или лицето (напумпани гради, задници, усни, пениси…) и сѐ би било добро ако тука престанат комплексите.



