Колумни
Во име на љубовта се живее, умира, убива… и лаже!
Автор на колумната: Татјана Алексиќ
Љубовта е најсилната човечка емоција, посилна и од нагонот за живот.
Во име на љубовта умираат Ромео и Јулија, Отело ја задавува Дездемона, страдаат Антигона, Офелија, Ана Каренина, младиот Вертер, Сирано,Татјана и Онегин, нашата Цвета умира без да стане Турчинка… Во „Пеколот“ на Данте се прочистуваат грешните неверници Тристан и Изолда, Елена и Парис, Франческа и Паоло, Клеопатра, Семирамида… Кралеви абдицираат во име на љубовта, држави се продаваат… Многу книжевни ликови и историски личности живееле, умирале, убивале и лажеле во име на љубовта.



