Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Зависта расипува сѐ што допира

Колумни

Зависта расипува сѐ што допира

ФОТО: Мики Трајковски Манца

Зависта расипува сѐ што допира

Зависта, најнегативната човечка особина, на Адам и Ева им го расипала уживањето во рајот. Најубавиот ангел му позавидел на сонцето што свети посилно од него, од завист потемнел и станал црн ѓавол.

Каин од завист го убил братот Авел, Јаго од завист му предизвикал љубомора на Отело кој ја задавил својата сакана… Бескрајни приказни, митови но и вистини од кога постои човекот па до ден денешен. А денес, материјалистичкото општество со императивот ,,вредам колку што имам”, повеќе од три децении креира нерамноправен материјалистички систем на мал број моќници и сѐ поголем број сиромашни (средната класа полека но сигурно исчезнува).

Таквиот систем, во кој децата од најмала возраст се воспитуваат да вреднуваат според материјалните богатства, зависта е условен рефлекс. Природно е сиромавиот да му завидува на богатиот, гладниот на ситиот…Но кога имаш , а завидуваш што другиот има повеќе од тебе, веќе е патологија. Зависта е деструктивна, душевна болест која на завидливиот му го краде мирот и сонот.

Само добар човек, доблесен да умее со труд и морал материјално да опстане без да си го урне достоинството, не знае да завидува, тој едноставно нема време за ниски страсти. Не завидувај туку радувај се на туѓ успех! Сите околу тебе нека имаат повеќе од тебе, радост е кога не гледаш туѓи јадови! Ако под успех не подразбираш само материјален успех и ако за среќа ти треба малку, како едно будење наутро и поглед во здраво огледало, сосема е доволно за насмеан ден.

Малку љубов од децата, свои или туѓи сеедно, кучето и мачето па нека се и на соседите, врапче под пенџерот, гугутка на гелендерот, по некој вистински пријател, здрав роднина, љубовта на твојот живот, колега (колешка) со кој може да споделиш бурек, другари (другарки) со кои си растел, а сега старееш па нека се и побогати од тебе во секаква смисла, се навидум мали, но вистински животни радости. Превенција против зависта е љубовта, но онаа највозвишената, безусловната, љубовта кон човештвото – таму нема место за зависта.

Зависта е расипувач на забави, освен на оние на кои им е забавно да завидуваат или завидуваат за да им е забавно. Но тие немаат мирен сон, а тоа ИЧ не е забавно!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.