Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Цифросапиенси и статистикохоличари

Колумни

Цифросапиенси и статистикохоличари

Цифросапиенси и статистикохоличари

Станавме далтонисти за добри навики и ритуали, не знаеме веќе ни за празник ни за делник, кога е викенд, продолжен викенд, викенд на мртовци…

Се престоривме во цифросапиенси и статистикохоличари, слушаме заразни статистики, ги чекаме секој ден да ги обзнанат… Ние сме бројки на заразени, тестирани, оздравени и починати. Маските ни ги кријат насмевките, од очите ни искрат стравови. Потребата за комуникација, особено кога е забранета и на дистанца, е оправдано сеприсутна. Социјалните мрежи сега нѐ држат во виталност, стануваат наше нужно секојдневие, немаме многу алтернативи за комуникација во живо.

Но, пристојно би било да негуваме културна алтернатива за мрежна комуникација без хејтање, омаловажување и препукување. Кога некој споделува рецепти или слики од веселби значи дека се радува на животот, на она што нему живот му значи, па нека се и банални и бајати, секако се повкусни од пакосни текстови вперени врз нечиј лик и дело. Кога глобално не е на арно, нужно е бар локално да останеме арни и нормални, микрокосмосот влијае врз макрокосмосот.

Вирусот ни покажа колку сме сите еднакви пред болест и смрт.

Здрав викенд, порадувајте се на малите нешта, на конфети од среќа, правете ритуали од баналности, возвишете ја патетичната реалност, правете весели приказни од тажни сижејни линии, читајте ,,среќен крај” и таму каде го нема. Пијте кафе сами во природа, таму е сето здравје и негувајте се, лицето е капитал, особено чистиот образ! ❤

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Повеќе од Колумни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.