Колумни
Знаеме ли зошто се слават Младенци?
Празникот Младенци се слави во знак на сеќавањето за 40 млади римски војници казнети поради примање на христијанската вера.
Со венчавката младите се заколнуваат на верност и љубов, исто како и настраданите младенци поради верноста кон Христа. Долговечна брачна љубов, колку романтично, дури и нестварно. Во првите години од бракот с,е е идеализирано, романтично, празникот Младенци се слави како круна на брачниот завет, а понатаму … Треба многу труд за трошка љубов, но трошка по трошка, љубовта ќе се нахрани во име на изминатата младост и очекуваната зрелост. А зрела љубов е кога ништо не се очекува, само се векува !
Кога познати и славни личности се сакаат, за тоа се зборува, озборува, пишува, филмува, драматизира и нивната љубов се препознава како вечна и идеализирана, едноставно невозможна за нас обичните смртници. Салвадор Дали бил опседнат со својата муза Гала, се венчал со неа после 5 години превземајќи ја од својот пријател, познатиот поет Пол Елијар, а следните 50 години ги проживеале возбудливо и многу комплицирано, но сепак заедно до крај. Така е кога ќе се спојат две уметности во едно, комплицирано но има трајни вредности. Џејмс Џојс, славниот автор на ремек-делото ,,Улис,, ја поврзува датата на првата средба со својата љубов Нора и целото дејство на споменатиот роман. 16 јуни 1904 година е ден кој подоцна во светот се слави како ,,Блумов ден” – празник на вљубениците на делото ,,Улис” и неговиот главен лик Леополд Блум.



