Магазин
10 здравствени придобивки од сокот од цеден портокал
Сокот од цеден портокал е познат како неверојатно уживање кое пружа многу свежина и витамини. Ретко кој не го обожава, а одлично е што е достапен и популарен и во сите кафулиња и ресторани, па не би имале никаков проблем да стигнете до чаша здравје.
Портокалите припаѓаат во групата на најосвежителни овошја со одлична моќ на позитивно влијание врз организмот. Било да изберете да ги јадете во облик на овошје, или можеби ќе изберете да си направите природен сок од портокал, во секој случај ќе ги уживате нивните многубројни придобивки.
Свежиот сок од портокал е фантастичен избор на корисни материи како што се витамини, минерали, флавоноиди и фитонутриенти чија улога во организмот е многу значајна. Содржи висока количина на витамин Ц, кој е есенцијален за заштита на телесните клетки и нивно ослободување од слободните радикали.




