Магазин
Лос Анџелес за почетници – ова се местата кои мора да ги посетите
Одморот во Лос Анџелос се разбира дека можете да го потрошите на тематски паркови, разгледување на излози на Родео Драјв или во обид да направите најдобра фотографија со знакот Холивуд, но за навистина да ја почувствувате културата и возбудата на западниот брег и на самот град на ангелите, најдобро би било да испробате нешто од следново:
Опсерваторија Грифит
Иконата на Лос Анџелес се наоѓа во паркот Грифит на врвот на планината Холивуд. Во оваа опсерваторија се одржуваат изложби на научни теми, но врв е секако планетариумот каде можете да уживате во преубавата ѕвездена претстава.










