Занимливости
Американка матурираше на 97 години
Американката Маргарет Том Бекема од Мичиген конечно доби диплома за завршено средно образование.
Тука не би било ништо чудно, доколку не се земе пред вид фактот дека Маргарет има 97 години.
Таа била принудена да го напушти средното училиште во 1932 година, откако нејзината мајка се разболела од рак, па морала да се грижи за помалите браќа и сестри.




