Занимливости
Британскиот и американскиот пасош се најмоќни во светот
Пасошите на Велика Британија и САД се најмоќните пасоши во светот, со оглед на фактот дека нивните сопственици без виза можат да посетат 147 земји низ светот.
„Passport Index“, во соработка со „Statista“, и оваа година состави листа на најмоќни пасоши во светот врз основа на тоа колку земји нивните сопственици можат да посетат без визи.
Првото место го поделија пасошите на Велика Британија и САД со 147 земји кои им гарантирата таков безвизен пристап, а на второто место се најдоа Германија, Јужна Кореја и Франција (145 земји).




