Занимливости
Британците ќе ги избираат имиња за бурите
Сите заинтересирани ќе имаат можност да именуваат бура во Велика Британија и Ирска, со цел јавноста да обрне поголемо внимание на временските неприлики пред да се случат.
Британската Канцеларија за метеорологија ја повика јавноста да предложи имиња за бурите во оваа земја, а процесот на кумството ќе се одвива на социјалните мрежи.
Имено, сите заинтересирани треба да ги твитуваат своите предлози на @metofficeuz hash tag #nameourstorms, а предлозите можат да се праќаат и на официјалната страница на Канцеларијата за метеорологија на социјалната мрежа Фејсбук или по електронска пошта.




