Магазин
Принцот и принцезата од Велс им честитаа на британските олимпијци за успехот
Тимот на Велика Британија освои вкупно 65 медали на овогодинешните Олимписки игри, од кои 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени. За големиот успех им честитаа бројни ѕвезди, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, која веќе извесно време се бори со ракот.
„Од сите што гледаме од дома – честитки до тимовите на Велика Британија“, рече принцезата во видеото објавено на нивниот официјален Инстаграм, а принцот додаде: „Браво за сè што постигнавте, вие сте голема инспирација за сите нас“.




