Занимливости
Британските обложувалници лицитираат со името на малиот принц
Веднаш по раѓањето на вториот син на Вилијам и Кејт, британските обложувалници почнаа да прифаќаат облози во врска со името на бебето.
Меѓу најспомнуваните имиња се: Артур, Алберт и Филип. Како што пренесуваат лондонските медиуми, најверојатно престолонаследникот и неговата сопруга ќе ја испочитуваат традицијата, и за своето трето дете ќе одберат име од историјата на кралското семејство.
Познавачи и извори блиски до кралската куќа, сепак, тврдат дека детето многу веројатно може да биде крстено на некој од семејството на Кејт Мидлтон.




