Магазин
Росица Мршиќ ја претстави новата колекција „Celia“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Дизајнерката Росица Мршиќ ја претстави најновата колекција наречена „Celia“ вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, во организација на Моден викенд Скопје.
Модните креации кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.
Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ, спакувани во шик колекција со лелеави силуети.





