Занимливости
Џеј Кеј Роулинг ја откри омилената теорија од обожавателите на Хари Потер
Авторката на Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг често е присилена да ги разјасни налудничавите шпекулации по социјалните медиуми, но овојпат идејата од нејзин обожавател ја воодушеви. Тој смета дека директорот на училиштето Хогвартс, Дамблдор ја претставува смртта, ја опиша како „прекраснa“.
Корисникот на твитер, Еби Луис, ја праша Роулинг преку мрежата која е нејзината омилена теорија од обожавателите, на што таа одговори дека претпоставката за Дамблдор „одговара“ во контекст со приказната за Трите браќа, која ја раскажа Хермиона Гранџер во „Хари Потер и реликвиите на смртта, првиот дел“. Обожавателите постираа (како што беше објавено и во Ју-Ес-Еј тудеј) дека во приказната, Лорд Волдеморт е првиот брат кој ја посакува најсилната волшебна палка, Северус Снејп е вториот брат кој го посакува Каменот на воскреснувањето за да си ги поврати најсаканите, меѓу која е и неговата сопруга Лили Потер, а дека Хари Потер е третиот брат кој посакува долг и среќен живот без секогаш присутните закани од Смртта.
