Настани
Промоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски: Каледиоскоп од луѓе чии дела оставиле трага во нашата и светската музичка историја
Во просториите на Аудиокултура, на 2 декември (понеделник) во 19.30 часот ќе биде промовирана книгата „Прес енд плеј“ (Press & Play) на Ненад Георгиевски.
Книгата ја претставува македонската музичка сцена преку серија рецензии и текстови напишани во период од 20 години, за странски публикации, како All About Jazz и Vintage Cafe. Таа е збирка од авторски текстови кои даваат детален увид во креативните активности на македонските музичари и нивните дела. Книгата за првпат беше објавена во јули 2020 и ова е второ, надополнето издание.
Самата книга е калеидоскоп од луѓе чии таленти, идеи и дела оставиле свој белег во Македонија и надвор од неа. Овие содржини ги испитуваат нивните амбиции и достигнувања, почнувајќи од инспирацијата со која создавале, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до избраните решенија како илустрации, дизајн, визуелизации.





