Занимливости
Фантастичен тунел од книги во книжарница во Кина
За оние кои многу ги сакаат книгите, а покрај тоа можат да си дозволат често пати да патуваат низ светот, една кинеска книжарница е вистинско доживување. А нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција.
Продавницата на книги „Јангжоу Жангжуге“ во кинескиот град Жен Јуан, одвнатре изгледа како сцена од филмот „Inception“ (Почеток). Просторот што предизвикува вртоглавица е дизајниран како една голема оптичка илузија.
Главниот ходник, чиј под е покриен со црни огледала, има форма на пештерски свод на чии ѕидови се наоѓаат полици со книги. Рефлективната површина на подот и кривите форми на полиците создаваат чувство дека сте во совршена кружна просторија.




