Ви препорачуваме
ФОТОГАЛЕРИЈА: Hugo Boss ја објави колекцијата есен/зима 2015
Најпознатите фотографи Инез ван Ламсвеерд и Винуд Матадин ја покажуваат својата брилијантна магија преку сликањето за новата машка колекција на BOSS за кампањата есен/зима 2015, во соработка со францускиот модел Клемент Шаберно. Дуото се смета за едни од најважните и највлијателни модни фотографи на ова време.
Во студио во Лос Анџелес, колекцијата триумфира преку користењето на сенките и светлото во комбинација со иновативната и драматична слоевита позадина, која е налик антрацит.
Острите кројки и темно црвените бои се истакнати со маестрално користење на светлото, надополнети со одлично одиграната поза на моделот, кој неодамна се појави на насловната на машкиот Вог.














