Занимливости
Девојче од Англија попаметно од Ајншајн и Хокинг
Девојчето Никол Бар, која живее во една ромска заедница во Есекс, има повисок коефициент на интелигенција од најпаметните луѓе во денешницата.
Дванаесетгодишната Никол на тестот по интелигенција постигна резултати од неверојатни 162 поени и преку ноќ стана главна ѕвезда во Велика Британија.
Нејзиниот висок коефициент на интелигенција ја вклучува во групата од само еден отсто најпаметните луѓе на планетата, според стандардните тестирања што ги спроведува Менса.




