Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Вистината“ на Мила Кадриу откриена на зајдисонце со вино
Колекцијата наречена „Veritas“ (Вистина) потпишана од модната куќа MCouture на Мила Кадриу ја доживеа својата премиера вчера, на зајдисонце во скопската винарија „Камник“.
На модниот перформанс во организација на Моден викенд Скопје беа претставени креациите за пролет/лето 2015 односно комбинезони, коктел фустани, кошули, панталони и корсети.
„Инспирација за создавање на оваа колекција најдов во самата основна и природна убавина на жената, нејзините највредни одлики од кои таа несебично црпи секојдневна инспирација“, вели дизајнерката Мила Кадриу.










