Магазин
Грејс Беј – најубава плажа во светот
Сокриена на Карибите, на островот Туркс и Каикос, со најчиста вода и најмек бел песок, се наоѓа плажата Грејс Беј. Според мислењето на експертите од областа на туризмот беше прогласена за најдобра плажа во светот.
Плажите се оценуваат врз основа на убавината, оддалеченоста, квалитетот на песокот и квалитетот на водата со оценка од еден до десет. Грејс Беј во трите категории беше оценета со десетка, додека за оддалеченоста беше наградена на осмо место.
– Туркс и Каикос е сон на сите љубители на плажите, изјави експертот за патувања, Фред Мавер.




