Патувања
Авионите полни, плажите преполни – Грција блеска на туристичката мапа!
Туризмот во Грција минатата година достигна историски рекорд, со речиси 36 милиони посетители и приходи од 21,7 милијарди евра, покажуваат податоците на Банката на Грција. Ова претставува зголемување од 9,8% во однос на 2023 година, што ја прави 2024-та најуспешна година за туристичкиот сектор.
Според анализата, растот на приходите од 5,4% е резултат на зголемените трошоци на туристите од земјите на Европската Унија (+7%), како и од останатите меѓународни пазари (+0,8%). Особено значајни се зголемувањата кај посетителите од Германија (+3,5%), Италија (+13,6%) и САД (+15,1%), додека пад е забележан кај туристите од Франција (-11,4%), Велика Британија (-3,7%) и Русија (-50,8%).
Порастот на туристичкиот промет е потврден и преку податоците за воздушниот и копнениот транспорт, при што бројот на патници преку аеродромите е зголемен за 10,7%, а преку граничните премини за 8,9%.




