Магазин
Хајнекен направи пиво со марихуана наместо алкохол
Новото пиво на Хајнекен, од калифорнискиот бренд Лаганитас, направено е со марихуана наместо алкохол.
Хај фај Хопс во моментов е достапен во делови на Калифорнија, каде канабисот е легален, а е дел од растечкиот тренд со кој етаблирани фирми влегуваат во индустријата со марихуана, објави Бизнис инсајдер.
Лаганитас го опишува новиот пијалак како „ароматична пенлива вода“. Тоа е затоа што лименките не содржат ни малку алкохол, туку се направени со ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната.




